Врз основа на снимките од безбедносните камери, белградската полиција го идентификуваше човекор кој во неделата постави експлозив под џипот на Страхиња во Нов Белград, а веднаш потоа избега, најверојатно преку границата, пишува Информер.

Како што неофицијално дознава Информер, Страхиња Стојановиќ бил убиен од државјанин на Босна и Херцеговина, за кого одамна беше распишана меѓународна потерница.

Станува збор за професионален платен убиец кој ги испланирал сите детали за злосторството и бегството. Иако потрагата по него сè уште трае, се верува дека тој ја напуштил Србија веднаш по злосторството, така што ова убиство ќе биде додадено на листата на неговите други кривични дела за кои веќе постои потерница.

Преку брза и ефикасна истрага, полицијата утврди дека платениот убиец од Босна ја завршил целата работа со велосипед. Надзорните камери го снимија во гаражата на луксузниот станбен комплекс Вест 65 во Нов Белград, каде живееше Страхиња. Таму тој најверојатно подметнал воен пластичен експлозив пентрит П-500 под џипот БМВ Х5 на Страхиња.

Истиот велосипедист беше снимен малку подоцна, на неколку стотици метри оддалеченост, во улицата на Младинските бригади, како телефонира токму во моментот на експлозијата на џипот, и тоа во непосредна близина. Се претпоставува дека чекал Страхиња и неговата девојка од Колумбија, Соња Суарез Гомез (45) да излезат од гаражата, а потоа ја активирал бомбата по телефон.

За време на истрагата и претресот на теренот во близината на реката Сава, инспекторите го пронашле велосипедот што го користел убиецот. Иако на снимката не се гледа лицето на убиецот, бидејќи тој имал капа, кацига и очила, полицијата успеала да го идентификува, но сè уште не го соопштила неговото име.

Девојката на Страхиња, Соња, која беше само полесно повредена во експлозијата, и рекла на полицијата дека на кобниот ден тргнале на трки со автомобили на Ушче, кога се случила експлозијата. По сослушувањето и било забрането да ја напушта земјата, а завчера беше на погребот на Страхиња.