Албанија од утре воведува полициски час како дел од напорите да се спречи ширењето на новиот коронавирусот по наглото зголемување на случаите во изминатите неколку недели. На сите граѓани ќе им биде забрането да ги напуштаат своите домови од 22.00 до 06.00 часот.

Поради високиот број заразени и со цел да се спречи понатамошното ширење на заразата, донесовме одлука со која се забранува движење од 22:00 до 6:00 наутро. Ограниченото движење започнува од среда, 11 ноевмри и ќе трае три недели.Од оваа одлука се изземаат само лицата кои се на работа и службите за итни потреби, изјави синоќа Мира Ракацоли, претседателка на Комитетот и заменик министер за здравство и социјална заштита.

Во Албанија се забранува работа на угостителските објекти од 22:00 до 06:00 часот (освен услуга за достава ), додека за јавната администрација, според спецификите на секторот, ќе се работи онлајн или со ротација,со строго почитување на протоколите.