Екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД) го исклучи од партијата својот функционер и пратеник кој беше снимен со скриена камера како разговара за убиството на бегалците со плин.

На снимките, што тајно ги сними телевизијата ПроЗибен, во февруари, Кристијан Лит, тогашен портпарол на партијата, беше снимен во кафуле во Берлин и разговараше со некој за кој се верува дека е симпатизер, за предизвиците со кои се соочува АФД, пренесува Ројтерс.

На прашањето дали АФД сака да види повеќе имигранти, тој одговори:

Да! Затоа што тогаш работите одат подобро за АФД. Подоцна можеме да ги стреламе сите, а потоа додаде:

Или да ги труеме со пли, како и да посакаш. Не ми е гајле во ниту еден случај Германските медиуми денес објавија дека Лит бил отпуштен од парламентарната група на партијата.