Дека на политичарите не треба да им се верува им е јасно на сите. Тие едно зборат, а друго прават. Има илјадници примери за тоа.

Последниот е со Јелко Кацин, кој и е познат на македонската јавност. Како европратеник тој беше известувач за состојбите во Македонија. Потоа беше амбасадор на Словенија во НАТО и несуден амбасадор на Словенија во Хрватска. Сега Кацин е портпарол на словенската влада.

Пред неколку дена владата на Словенија и се закани на Хрватска дека ќе ја стави на црвена листа поради зголемениот број случаи на заразени со корона вирусот. Таа закана ја соопшти Кацин како портпарол на владата.

И додека Словенците им се закануваат на Хрватите дека ќе ги стават на „црвената листа“, Кацин, опуштено и облечен само во гаќи за капење, работи во дворот на неговата викенд куќа на островот Крк во Хрватска.

Само еден ден откако тој им се закани на Хрватите дека Словенија ќе воведе мерки за туристите кои се враќаат од одмор во Хрватска, карантин или задолжително тестирање , Јелко Кацин се качи во својот автомобилот и пак се врати на одмор на Јадранското Море.

Хрватските медиуми го најдоа и фотографираа Кацин пред неговата вила во Климно на островот Крк.

И додека Словенците им се закануваат на Хрватите дека ќе ги стават на „црвената листа“ поради короната, портпаролот на словенечката влада го чисти базенот пред неговата хрватска летна резиденција, опуштено и облечен во гаќи за капење.

Тоа се политичари, даваат лев “жмигавец” и вртат десно.

И викенд куќата на Кацин не е лоша, што ќе рече дека од дневници и патни трошоци не се живее така лошо.


Напишете коментар