Зинедин Зидан повеќе не е тренер на Реал Мадрид!?

Зинедин Зидан е по втор пат поранешен тренер на Реал Мадрид, пренесува добро информираниот новинар Фабрисио Романо.

Пред околу десетина дена, шпанските медиуми објавија дека Зинедин Зидан се збогувал со играчите и најавил заминување на крајот на сезоната, а сега следува потврда.

Реал Мадрид не е шампион на Шпанија, во последното коло дојдоа до пирова победа и останаа зад лутиот ривал Атлетико Мадрид, додека во Лигата на шампионите беа елиминирани во полуфиналето од Челзи и ова ќе биде сезона без трофеи за нив.

Сезона без трофеи е катастрофа за кралскиот клуб. Флорентино Перез веќе тргна во потрага по негова замена, а има најави дека тоа може биде Антонио Конте кој ја напушти клупата на Интер нешто порано во текот на денот.