Полскиот министер за здравство, Адам Неделски, денеска на прес-конференција во Варшава изјави дека за време на новогодишната ноќ, од 21 часот на 31 декември до 6 часот на 1 јануари, во земјата ќе биде воведен полициски час.

-Од 28 декември до 17 јануари воведуваме национален карантин, додаде министерот Неделски.

Во тој период, објасни министерот, нема да работат хотелите, скијалиштата и продавниците, освен оние што продаваат храна.

Неделски објасни дека домот ќе може да се напушти само за итни потреби, како што е посета на аптека или поради работни обврски.

Поради големиот број откриени случаи на коронавирус, полската Влада воведе доста строги ограничувачки мерки. Во моментов, целата територија на Полска е класифицирана како „црвена“ зона за ширење на Ковид-19. Рестораните, баровите и кафулињате се затворени, а можат да работат само со испорака на храна за дома. Сите студенти се префрлија на онлајнд настава, додека децата и адолесцентите од 8 часот наутро до 16 часот попладне не смеат да излегуваат на улица без придружба. Забрането е соб