Тајните одаи на Витезите Темплари биле откриени во мала капела во полскиот град Хваршани, а археолозите испитуваат дали во нив е скриен Светиот Грал, чашата што ја користел Исус Христос за време на Тајната вечера.

Светиот Грал е една од најголемите тајни на археологијата, по која постојано се трага. Според библиската традиција, од него Христос пиел вино за време на вечерата со апостолите пред распетието.

Исто така, го користел и Јосиф од Ариматеја за време на распетието на Христос, за да ја собере Христова крв, а дека денешното причестување, за кое се верува дека е востановено на Последната вечера, потекнува од виното како симбол на Христовата крв пролеана на распетието.

Потрагата по Светиот Грал трае со векови, толку многу што веќе стана симбол на безнадежна потрага.

Меѓутоа, полските археолози сега се убедени дека можеби се на неговата трага.

Нашиот радар за подземно снимање откри готска крипта со остатоци од витезите Темплари под капелата Свети Станислав во Хваршани, рече археологот Пжемислав Коловски.

Влезот во тајниот тунел што води кон криптата е веднаш до извор во близина на капелата, откриле археолозите, но им останува да ја истражат самата крипта.

Капелата е изградена од темпларите во 13 век по враќањето од крстоносна војна во Светата земја.

Според една од легендите, токму овој витешки ред го однел Светиот Грал од Храмовната гора во Ерусалим и го донел во Европа.

Сепак, историчарот Марек Каролчак верува дека богатството било украдено или изгубено во мочуриштето.

Според легендата, Светиот Грал може да залечи рани и да донесе вечна младост. Археолозите повеќепати најавуваа дека се на неговата трага, но никогаш немало доволно докази за тоа.

Многу историчари се скептични дека тоа воопшто постои, бидејќи, освен во Библијата, се споменува само во средновековните митови и легенди, па дури и да се најде, ќе биде тешко да се докаже неговото вистинско потекло.