Помошникот на американскиот претседателот за национална безбедност Роберт О’Брајан изјави дека Соединетите држави претрпеле пораз во Советот за безбедност обидувајќи се да го продолжат ембаргото за увоз на оружје од Иран.

Денес претрпевме пораз, но тоа сè уште не е крај, рече тој, додавајќи дека одлуката на Франција, Велика Британија и Германија да не ја поддржат американската предлог резолуција е „разочарувачка, но не и изненадувачка“.

Во исто време, се огласи постојаниот претставник на Русија во меѓународните институции во Виена, Михаил Улјанов и рече дека Америка доживеала „дебакл“ со овој обид.

Треба да се потсети дека Советот за безбедност на Обединетите нации ја отфрли резолуцијата на САД за продолжување на тринаесетгодишното ембарго за Иран за увоз на оружје.

Русија и Кина гласаа против резолуцијата во Советот за безбедност, додека 11 држави беа воздржани, вклучувајќи ги Франција, Велика Британија и Германија.


Напишете коментар