Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја повика Турција да не го менува статусот на истанбулската Аја Софија и да дозволи таа да остане музеј.

Во изјавата дадена еден ден пред судската одлука, која би можела да го отвори патот за барањата Аја Софија да се претвори во џамија, Помпео ја пофали турската влада за одржување на зградата „на вонреден начин“ како музеј, но предупреди дека со менувањето на статусот би се загрозило нејзиното наследство.

Ја повикуваме турската влада да продолжи да ја одржува Аја Софија како музеј, како пример за заложба и почитување на верските традиции и различната историја, која ја овозможува Република Турција, и да се осигура дека таа останува достапна за сите – рече Помпео.

Заменик Претседателот на ердогановата Партијата за правда и развој, Нуман Куртулмус, изјави дека тоа е прашање важно за националениот суверенитет.

-Не ни требаат совети или препораки од никого, тоа е наша работа, рече Куртулмус.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *