Генералниот штаб за управување со кризи попладнево во 16 часот ќе оддржи нова седница.

Како што е најавено на неа, треба да се разгледа Нацрт-акцискиот план за борба против пандемијата што инаку го изготвува Центарот за управување со кризи.

Инаку, уште вчера беше оддржана седница. Согласно одлуката за кризна сосојба, по констурктивната и куса дискусија, од ЦУК соопштија дека е утврдена рамката на активности на институциите во контекст на усвојување на акцискиот план.

Со Главниот штаб раководеше в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Според ЦУК, донесената Одлука за кризна состојба на територијата на цела држава е во насока на заштита на јавното здравје во услови на пандемија, безбедноста на населението и за спречување на Корона вирусот.

Во нивнното официјално соопштение тие објавија:
„Согласно одлуката за кризна состојба, вечерва во Центарот за управување со кризи, (20.11.2020 година), се одржа седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК. Штабот е оперативно стручно тело коешто раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации.

Со Главниот штаб раководеше директорот на Центарот, в.д., Стојанче Ангелов, а присуствуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи назначени согласно и Законот за управување со кризи (од министерствата за внатрешни работи, за здравство, за транспорт и врски, за одбрана и за надворешни работи и раководителот на Групата за процена, како и раководителот на Итна медицинска помош во Скопје, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, како и претставници на Армијата, Агенцијата за разузнавање, дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и Црвениот крст на Република Северна Македонија).
На седницата, по конкустривна и куса дискусија, е утврдена рамка на активности на институциите во контекст за усвојување на Акциски план, согласно одлуката за кризна состојба.
Инаку, донесената Одлука за постоење кризна состојба на територијата на цела држава е во насока за заштита на јавното здравје во услови на постоење пандемија и заради спречување на болеста „COVID-19“ и вирусот „SARS-CoV-2“ и заради спречување ширење во зголемен обем со што би се загрозила безбедноста на населението
Договорено е утре во 16 часот да заседава Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, а до тогаш, Центарот за управување со кризи изготвува Нацрт акциски план којшто се разгледува и се конкретизира заеднички на седницата, при што субјектите од СУК учествуваат во рамки на нивните надлежности и капацитети во насока за придонес во борбата против пандемијата.“

Одржана седница на Главен штаб за управување со кризи при ЦУК, а за утре закажана нова седница во 16 часотСогласно…

Posted by Центар за управување со кризи on Friday, November 20, 2020