Прекумерна количина и земање лекови самостојно и на своја рака може да има сериозни последици.

Продажбата на лекови кои го зајакнуваат имунитетот е енормно зголемена во ппследните десет месеци откако е прогласена пандемија со коронавирус. Најмногу е зголемена поварувачката на витаминот Ц.

Експертите нагласуваат дека зголемувањето на продажбата на додатоци во исхраната ги следат врвовите ( пиковите ) на инфекцијата со ковид-19.

Најголемиот фокус е на препаратите за зајакнување на имунитетот, витамин Ц во различни јачини и форми, како и витамин Д и препарати со комбинации на антиоксиданти како витамин Ц, цинк и селен.

Внимателниот избор на витамини и минерали, без разлика дали се работи за производи што се декларираат како додатоци во исхраната, а не како лекови, е од големо значење, особено денес кога сме сведоци на нивната значително зголемена и честопати ирационална употреба. Многу е важно да се земе предвид кога и колку треба да се внесува во организмот, бидејќи повеќе не е и секогаш подобро.

Така, на пример, долгорочно внесување на витамин Ц во количини над максималното дневно внесување од 2 грама може да доведе до дијареја, надуеност, повраќање и други гастроинтестинални проблеми.

Препорачливата дневна доза на селен за секоја здрава личност е 55 mcg, додека горната граница не смее да надминувана 400 mcg. Ако подолго време внесувате дневни дози од 400 до 800 мвг. може да доведе до селеноза ( предозирање со селен ). Првите симптоми се здивот да мириса на лук и метален вкус во устата, додека најчестите клинички знаци на хронично високо внесување селен се губење на косата и кршливост на ноктите.

Долготрајната изложеност на дози на цинк над 50 мг / ден може да предизвика недостаток на бакар и железо, а дози над 150 мг / ден може да ги намалат серумските нивоа на ХДЛ.

Затоа е многу важно да се консултирате со фармацевт при избор на додаток во исхраната.