Поради новото засилување, напаѓачот Виктор Осимен, Наполи ќе ја смени својата тактиката, и во иднина ќе игра со 4-2-3-1, пишуваат италијанските медиуми.

Исто така тие напоменуваат дека Елиф Елмас со тоа ќе добие нова улога, односно ќе игра поофанзивно заедно со Инсиње и Мертенс во тројката позади Осимен.

Елмас играше на сите позиции во средниот ред во изминатата сезона во Наполи, а сега се чини ќе биде главниот „мотор“ на екипата од Неапол, по пристигнувањето на Осимен.

Во следните денови заминување од Наполи очекува Милик. Пред неколку дена Елмас го продолжи договорот до 2023 година.


Напишете коментар