Песната, која во поранешна СФРЈ беше забранета од Тито, поради големиот број извршени самоубиства, се вика “Плуќа су ми болна” и се смета за една од најтажните песни што некогаш била напишана. Нејзин автор е Драгиша Недовиќ.


Крајот на Втората светска војна тој го дочека во германскиот работнички логор, каде беше однесен откако избегна смрт со стрелање, пред стрелачкиот вод во Шумарице во Крагуевац, но еден од Германците го препознал како композитор и бил депортиран во германскиот град Дормаген. Во последен момент, како познат текстописец, тој беше ставен на страна и избега од судбината на многу граѓани на Крагуевац.

Поминал четири години во Дормаген како воен затвореник. По завршување на војната, Недовиќ се вратил во родниот град и дознал дека голем број од неговите текстови се уништени. Сепак, тој продолжува да компонира и пишува песни.

Со своите пријатели, тој ја основа првата Асоцијација на композитори и текстописци со народни мотиви, а во 1950 година се разболе од белодробно заболувања. Тој ја пишува тажната песна „Плуќа су ми болна“, која е забранета за јавни настапи поради голем број самоубиства.


Песната прво ја изведе Заим Имамовиќ, но имаше многу големо влијание врз слушателите, и во тоа време беа регистрирани голем број самоубиства на луѓе заболени од туберкулоза низ цела Југославија.


Се вели дека во тоа време, Централниот комитет и Тито одлучиле да го повлечат записот од продажба и да го забранат неговото изведување, со објаснување дека тоа довело до самоубиства. Но, десет години подоцна, во една прилика, Јованка Броз, за ​​која се зборуваше дека боледува од оваа болест, ја нарачала оваа песна на прослава и забраната била укината.

За жал, иако Драгиша се излечи од туберкулоза, се појавиле проблеми со срцето. Тој почина на 49 -годишна возраст во 1966 година, како резултат на срцев удар. Зад себе ги остави синот Александар, ќерката Рада и околу 800 песни.