Кратко траеше големото славје на хрватските фудбалери и навивачи во Осиек бидејќи по интервенцијата на ВАР технологијата беше поништен голот на Никола Влашиќ за победа против Словачка.

Хрватите се надеваа дека успеале да направат огромен пресврт и дека голот на фудбалерот на Вест Хем во 83-та минута е доволен за триумф во 8. коло од квалификациите за Светското првенство, но потоа голот беше поништен.

Така, натпреварот заврши со резултат 2: 2, а Хрватска сега е во лоша ситуација пред последните две кола во групата Х.

Русија победи со 2: 1 на тешкото гостување во Словенија и сега има два бода повеќе од Хрватите, а да биде уште полошо, Русите дојдоа до победата откако Словенците им го поништија голот, исто така по интервенција на ВАР технологијата.

Хрватска гостуваат на Малта во ноември, додека Русија го чека Кипар во претпоследното коло. Мечот за одлука ќе се одигра на 14 ноември, а домаќини ќе бидат Хрватите.