Денес на патот од Гњилане до Урошевац беше откриен споменик на Џозеф Р. Боу Бајден Трети, починатиот син на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, пишуваат Репортери.

Градоначалникот на Гњилане, Лутфи Хазири, на чија иницијатива беше подигнат овој споменик, го пофали придонесот на Џо Бајден за Косово.

Денес го откриваме споменикот на Џозеф Р. Боу Бајден Трети, што го поставивме на патот од Гњилане до Урошевац, рече Хазири, додавајќи дека тој остави солидарност и посветеност на Косово.

Боу Бајден работел на Косово по војната.

Неговото име го носи и патот долг 35 километри во близина на логорот Бондстил.

Бој Бајден е покоен син на американскиот претседател Џо Бајден, кој почина на 6 јануари 2015 година од рак.

Младиот Бајден работеше после војната во Косово, помагајќи во обука на локални обвинители и судии за Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Тој исто така беше јавен обвинител во Делавер, додека извесно време служеше и во американските сили во Ирак, пренесува Танјуг.