Француското обвинителство отвори истрага против поранешниот тренер на уметничко лизгање во февруари минатата година.

Една година по откривањето на сексуална злоупотреба во француското лизгање, поранешниот тренер Жил Биер (64) беше обвинет за „сексуален напад“ и „сексуално вознемирување“ и ставен под судски надзор.

Во февруари минатата година, француското обвинителство отвори истрага против поранешниот тренер на уметничко лизгање Бејер за наводно силување и сексуален напад врз малолетници.

Бејер призна дека имал „интимни“ и „несоодветни“ односи со малолетнички , по што бил отпуштен во клубот „Ле Франсаис Волантс“, каде ја извршувал една од водечките позиции.