Поранешниот гувернер на мексиканската држава Халиско, кој беше убиен во петокот наутро, беше ликвидиран во бањата на ресторан на плажата на одморалиштето Порто Ваљарта.

Официјални лица изјавија дека Артистотел Сандовал бил застрелан од грб од неидентификуван напаѓач додека неговото обезбедување било надвор.

Пукањето продолжило додека телохранителите се обидувале да го пренесат Сандовал во болницата, пренесе АП.

Сандовал беше гувернер од 2013 до 2018 година, но тој беше во сенка на картелот Халиско, кој стана еден од најмоќните во земјата, сеејќи смрт и одмазда, додава АП.

Денес, овој картел се натпреварува за превласт со картелот Синалоа, чиј шеф беше озлогласениот Ел Чапо.