Поранешниот шеф на британската тајна разузнавачка служба МИ6, Сер Ричард Дирлав, изјави дека сака отворена дискусија за потеклото на пандемијата на вирусот корона и предупреди дека не треба да се отфрла идејата дека тој може да потекнува од лабораторија.

Дирлав изрази уверување дека вирусот што предизвикува ковид-19 е конструиран и дека случајно “избегал” од лабораторија во кинескиот град Вухан, каде биле идентификувани првите жртви.

Неговото мислење е во спротивност со преовладувачкиот став на научните експерти, како и на американските и британските разузнавачки служби, дека вирусот САРС-КоВ-2 корона не бил создаден од човек.

Коментарите на Дирлав доаѓаат во периодит кога тим научници од Светската здравствена организација (СЗО) се подготвуваат оваа недела да патуваат во Кина за да го испитаат потеклото на вирусот од кој загинаа повеќе од половина милион луѓе ширум светот.

Јас сум поддржувач на теоријата дека вирусот потекнува од Институтот Вухан (за вирусологија). Јас не кажувам ништо друго, освен дека вирусот е резултат на експериментите извршени во Вухан, за кои не мислам дека се особено погрешни – рече Дирлав, кој служеше како шеф на МИ6 помеѓу 1999 и 2004 година.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *