Поранешниот борец на страната на екстремистите во Сирија, Абдурахман Џиср, кој се предаде во Рускиот центар за помирување на завојуваните страни во сирискиот град Дера, рече дека тој и неговите другари биле финансирани од Америка, под изговор за војна против официјалните власти во Дамаск.

Прво не испратија на обука во Јордан, а потоа тука. Американците ни дадоа пари, тие рекоа дека треба да се води војна против државата. Кога сириската армија започна да ослободува регион по регион, нашиот одред отиде во Јордан, а ранетите беа однесени во Израел. Тогаш сфатив дека не сакам да одам никаде, дека ме вовлекоа во нешто сосема друго од тоа што се чинеше на почетокот. Се чувствувам измамено, рече поранешниот борец.

Секој ден од 200 до 300 луѓе доаѓаат во Центарот за помирување на завојуваните страни кои сакаат да се предадат и да започнат мирен живот.

Главниот услов за легализација е доаѓањето во центарот и потврдата дека поранешниот борец го поддржува сирискиот мировен процес. Документите се доставуваат за верификација до специјалните служби.

Претходно, припадници на илегалната вооружена формација, кои им се предадоа на сириските владини сили, објавија дека американски инструктори обучуваат милитанти во областа околу базата Танф, која е под контрола на САД, на југот на Сирија.