Човекот на Трамп задолжен за Балканот порача: Нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина останува приоритет за Соединетите држави.

„Драго ми е што дијалогот се врати и ние ќе го поддржиме“, рече Филип Рикер.

Помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Филип Рикер вели дека дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина е сè уште важен приоритет за Соединетите држави.

Филип Рикер проценува дека Соединетите држави преку ангажманот на специјалниот претставник на претседателот Трамп, Ричард Гренел направиле значителни чекори на „економската линија“ на односите меѓу Белград и Приштина.

Подобрувањето на економијата е важно за подобар живот на граѓаните и е неизбежен дел од соседските односи, нормализација, но и напредок кон поголема стабилност и безбедност во регионот. Преземени се значајни чекори во областа на железницата и воздушниот сообраќај и ги охрабруваме двете страни да продолжат да работат на тоа – вели Рикер.

Овој американски официјален претставник и добар познавач на Балканот е во Брисел, каде утре ќе се сретне со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

Мирослав Лајчак е мој добар пријател и колега кој добро го познава регионот. Ние ќе продолжиме да бидеме ангажирани и да го поддржуваме процесот за напредок. Сметаме дека и двете држави можат да преземат чекори во таа насока – рече Рикер.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *