Поранешниот дипломат во БиХ, Тимоти Лес, смета дека нон-пејперот кој зборува за промена на границите на Западен Балкан e излезен од канцеларијата на Јанез Јанша.

Тој има за цел да го почувствува пулсот на меѓународната заедница по ова прашање и посочува дека Србија може да го даде Косово во замена за Република Српска, пренесува Аваз.

Лес посочува дека словенечкиот нон-пејпер е признавање на новата политичка реалност.

Документот дојде од канцеларијата на Јанез Јанша. Словенците имаат интерес за Балканот, го разбираат балканскиот менталитет. Европа мора да преземе иницијатива за реорганизација на Балканот и тие одлучија да го започнат механизмот преку нон-пејперот. Сепак, додека е Бајден е на власт нема да дојде до имплементација на нон пејперот, посочува Лес.

Тој смета дека Словенците решиле да ја тестираат меѓународната реакција со овој нон-пејпер и вели дека цената на Србија за предавање на Косово или Косово без северот би била анексијата на Република Српска, што би одговарало на српската цел на постигнување на национално обединување.

Она што го гледам во иднина се националните држави кои постојат насекаде, тоа е она што луѓето во РС навистина го сакаат! Додека не се исполнат тие желби, регионот ќе биде напнат и парализиран. Во блиска иднина нема да има реорганизација на регионот затоа што Бајден нема да го прифати тоа. Не ја исклучувам можноста за мали конфликти околу Брчко, Мостар и Митровица, рече тој за време на гостувањето на ТВ Фејс.

Тој смета дека Србија би и се придружила на Русија доколку РС се обедини со Србија и дека ќе се создаде посилна проруска држава на Балканот, што не е во интерес на САД!

Лес не верува дека во блиска иднина ќе има промени на Западен Балкан.

Тензиите ќе останат сè додека не се променат границите. Јас не предвидувам војна, но секогаш постои опасност, и ако има насилство, тоа ќе дојде од Бошњаците кои би сакале да ја бранат БиХ. Единствениот вид на конфликт што може да се води е повторување на конфликтот од 99-та година во Косово, што е политичко самоубиство, рече Лес.

Лес смета дека политиката на европско проширување пропаднала затоа што Франција, како една од водечките сили, дополнително би го изгубила влијанието на тој начин.

Регионот никогаш нема да влезе во ЕУ! Тие имаа можност 20 години, не успеаја, вели Лес.