Дојче Телеком и должи на македонската држава 350 милиони евра. Со камати од 2001 година до сега тој долг изнесува 700 милиони евра во кеш. Ова на својот фејсбук профил го напиша поранешниот генерален директор на Мобимак, фирма ќерка на Македонски Телеком АД Скопје, Јован Петровски кој на таа функција беше до 1-ви јуни 2005 година.

Петровски објаснува: Ако смеам да бидам дипломатски коректен, Заев треба да и каже на Меркел, или покренуваме истрага со Американците ( кои едвај чекаат ваква работа) или смири го Борисов и неговата влада да не се мешаат во фашистичкиот дел на “ослободителите” за време на цар Борис!

Или преведено, Јован Петровски смета дека Заев има адут во рацете да и се јави на германската канцеларка Меркел и да ја потсети дека Дојче Телеком и должи на Македонија ( со се камати ) околу 700 милиони евра и дека германската железна дама треба да му каже на бугарскиот премиер Бојко Борисов да заборави малку на историјата сега кога Македонија треба да ги отпочне преговорите со ЕУ.

За што станува збор? Според пишувањето на Петровски на фејсбук се работи за огромен криминал. Криминал за кој имало истрага од ФБИ.

Ова е криминал кој и ФБИ го истражуваше. Ама ДТ ( Дојче Телеком н.з. ) плати 110 милиони долари да се сопре истрагата и да излезат од Њујоршката берза, пишува Петровски.

Целата приказна, според Петровски, почнува во 2001 година.

Јас си заминав од циркусот Телеком, на 1-ви јуни во 2005-та година, вели Јован Петровски. Лична одлука, додава тој, затоа што, тоа што го гледав и доживував на дневна основа, за мене беше криминал, а јас такви компромиси не правам.

Според Петровски се работи за следното:

-Договорот за купопродажба на 51 отсто од акциите на Македонски Телекомуникации, Дојче Телеком, преку Маѓар Телеком, го доби со услови.

-350 милиони евра на денот на купородажба, крајот на јануари 2001-ва, на потпишување на договорот,

-350+ милиони евра во директни инвестиции – не реинвестирење на добивката, директни инвестиции во првите три години после потпишување на договорот,

-Зачувување на бројот на вработени кои во моментот беа околу 3.800, најмалку 10 години од потпишување на договорот.

Тие 350 милиони беа уплатени, Ден Дончев се уште беше Извршен директор на Телеком, вели Петровски. Но тогаш се случи ДТ (Дојче Телеком) да открие дека нивните адвокати имаат пропуштено некоку клучни делови во договорот во процесот на купопродажба, вели Петровски.

Според Петровски, Германците биле бесни поради тоа и го избркаа Ден Дончев, на најбрутален начин, обвинувајќи го дека ги излажал, и го донесоа Џон Манери од Бугарија, со една задача, да се најде начин како вторите 350 милиони евра да не се внесат како директна инвестиција , туку да се реинвестираат од добивката од МобиМак АД како ќерка компанија.

Тоа се направи, вели тој, со лудачко пумпање на цените за услугите и трошоците кои мајката компанија ги обезбедува од ќерката компанија која е 100 отсто нејзина сопственост.

Државата во Бордот на Директори делегира полуписмени партиски кадри, објаснува Јован Петровски. Исклучок, според него, се Данило Глигоровски и професорот Борче Давитковски, како членови на Бордот. Давитковски, вели тој, беше сменет од Бучковски со Дејан Мицковиќ (кому му ја запалија куќата за да не сведочи пред ФБИ), затоа што беше на линија на интерес на државата.

По барање на Дојче Телеком, објаснува Петровски, Давитковски беше сменет од Бучковски заради своите ставови. Клучно беше неговото оспорување на извештајот од ревизорската куќа ангажирана по политички налог да прикаже дека вторите 350+ милиони евра се инвестирани.

Претседателот на Бордот на Директори, Давитковски, го немаше тој Извештај од ревизорската куќа, ангажирана по налог. Ова е криминал кој и ФБИ го истражуваше. Ама ДТ плати 110 милиони долари да се сопре истрагата и да излезат од Њујоршката берза.

Според Петровски, и денес тој извештај доколку се споредат реалните финансиски извештаи, не кореспондира со реалноста и е невалиден. Пари како инвестиција од надвор НЕМА.
И договорот со Аналитико е потпишан после моето заминување. Малку ли има за корупција и поткуп, на грбот на сите нас? Сите ги имаат во џеб, вели тој.

И да не заборавам, јас сум единствениот од тогашната гарнитура на ДТ Директори, кој не е процесуиран, кој не е повикан ни на разговор, кој не е осомничен, и кој нема забрана за патување во Америка, за разлика од преку 30 директоришта од ДТ во Бон, Берлин, Будимпешта, Подгорица, Атина и Скопје, заклучува Јован Петровски, поранешниот извршен директор на Мобимак.

https://www.facebook.com/jovan.petrovski.77/posts/1724103324425387