Во Специјализиранито Обвинителство за Косово со седиште во Хаг заврши распитот на поранешниот командант на ОВК Агим Чеку. Ова за косовските медиуми го потврди адвокатот на Чеку, Артан Керкини, кој не сакаше да даде детали од распитот.

Чеку претходно потврди дека ќе биде сослушан од обвинителотот во својство на осомничен.

Не е познато за какви злосторства се сомничи Чеку.

Тој досега беше три пати апсен и задржуван на границите – во Бугарија, Словенија и Унгарија – по српска потерница за воени злосторства на Косово, додека беше протеран од Колумбија, но никогаш не беше екстрадиран во Србија.

Во мај 1999 година, тој беше назначен за командант на Генералштабот на ОВК.

По завршувањето на конфликтот во Косово и Метохија, основал политичка партија, а од 2006 до 2008 година беше премиер на Косово.

Поранешниот командант на ОВК, Сали Мустафа, или командант Цаљи, ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во специјализираните совети на Косово со седиште во Хаг, за да се изјасни дали е виновен за обвиненијата што го теретат за низа воени злосторства на Косово во април 1999 година.

Рочиштето ќе биде јавно и може да се следи преку видео-врска на веб-страницата на Специјализираните совети, со мало задоцнување.

Мустафа беше уапсен и екстрадиран во Хаг во четвртокот, по наредба на судијата на претходна постапка, откако обвинението беше потврдено. Тој се наоѓа во притворската единица на Специјализираните совети во Хаг.

Тој е обвинет за индивидуална кривична одговорност за воени злосторства според меѓународното право, односно самоволно лишување од слобода, сурово постапување, тортура и убиство.