Поранешниот Претседател на Србија и Црна Гора, поранешниот најблизок соработник на Мило Ѓукановиќ, раскажува за своите затворски денови и пеколот низ кој минуваше последните неколку години.

Бев во самица повеќе од пет месеци. Тој дел од мојот живот помина со многу тешки моменти. Беше многу тешко. Психолошки се борев да издржам. Митрополитот Амфилохије ме посети веќе следниот ден откако бев притворен. Ми донесе неколку книги што ми помогнаа и ме одржуваа во живот, вели Маровиќ.

Имав на располагање само мал простор каде можев да шетам сам. Во мојата “самица” во затворот се појавија некои оси, што можеше да биде смртоносно за мене. Не можам да тврдам дека биле намерно пуштени во мојата “самица”, но можеле да бидат кобни за мене и мојот живот, рече тој.

Подоцна дознав дека и моето семејство трпело и претрпело тортура. Тие се јавувале во моето семејство за да прашаат дали знаеле дека сум извршил самоубиство. Не знаев многу работи што се одвиваа надвор. Во секој случај, јас останувам должен да го објаснам сето ова на моето семејство, рече Маровиќ.

Според Маровиќ, политиката е битка за моќ. Ако не се подготвите за таа битка, порано или подоцна ќе изгубите. Таа моќ може да биде толку предизвикувачка за на крајот да се заборави на моралот и човечките вредности.

Мило Ѓукановиќ беше единствениот политичар на свадбата на мојот син. Јас бев уапсен еден ден откако со Мило пиев кафе во кафулето Далија. Кога после пет месеци бев ослободен од притвор, Мило ми се јави еден ден подоцна. Тој ми рече: Знаеш сето ова со притворот и сè што се случи, јас не знаев ништо за тоа. За жал, јас му поверував во тоа – искрено рече Маровиќ.

Бев наивен. Ја слушнав приказната дека сум бил многу близок со Русите по излегувањето од притворот. Имав средба со еден угледен новинар во Будва и тој ми рече дека членовите на мојата партијата ме означиле како човекот што ги донесе Русите во Црна Гора, заклучи Маровиќ.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *