Ковид-19 ја смени целата геополитика во светот. Коронавирусот го собори Доналд Трамп од власта, бидејќи јас сум убеден дека тој ќе останеше претседател на Америка ако не беше здравствената криза. Ова го изјави поранешниот шеф на бугарските тајни служби, Димо Гјауров.

Според анализите на Гјауров тој очекува да се зголеми незадоволството во Русија, бидејќи ситуацијата во таа држава поврзано со коронавирусот е многу тешка. Но, тие проблеми не се толку многу големи за да може да се случи моќта на Путин да биде разнишана, вели тој.

Постојат многу демократски лостови и силни демократски механизми во Соединетите држави кои ќе обезбедат непречен трансфер на власта во Вашингтон, но и зачувување на нивниот национален суверенитет, вели тој.

Според неговото мислење, со Џо Бајден ќе има промена во надворешната политика на САД. Ќе се интензивира притисокот против енергетските проекти – „Северен поток“ и „Балкански поток“, вели тој и додава: САД би сакале да бидат запрени тие проекти ја коментира генералот Димо Гјауров состојбата во САД по претседателските избори.

Не очекувам да се случат политички катаклизми во 2021 година ширум светот, вели тој. Можеме да очекуваме да дојде до намалување на тензиите околу Иран, рече Гјауров.

Според неговото мислење. Македонија е важна и за Европејците и за Соединетите држави. Но не верувам дека некој ќе изврши притисок врз Бугарија во врска со нашата позиција кон нашиот сосед, вели тој.

Инаку Димо Гјауров беше назначен за шеф на Националната разузнавачка служба, ма 6 март 1997 година и на таа позиција остана до 20 февруари 2003 година. Него на таа функција го наследи големиот шеф на бугарските служби, Кирчо Киров кој минатата година беше осуден на 15 годишна затворска казна за проневера
на пет милиони лева од спец касата на тајната полиција.