Поранешниот шеф на мисијата на ОБСЕ на Косово, Вилијам Вокер, одлучи да стане советник на претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Компанијата на Вокер ќе добива 7.000 евра месечно за да му помогне на Тачи, пренесува порталот „Калксо“, наведувајќи дека станува збор за договор за консултации што канцеларијата на Тачи го склучила со фондацијата Вокер во август.

Фондацијата Вокер, основана од Вокер и Хасан Шаља во 2017 година, потпиша, како што се посочува во текстот на порталот, „дебел договор“ со Тачи за обезбедување совети, кој ќе важи пет месеци.

Вкупно 35 илјади долари изнесува Договор за советување потпишан помеѓу фондацијата Вокер и Претседателот на Косово, Хашим Тачи, објави Косово онлајн.

Договорот меѓу Тачи и Вокер беше договорен, што значи дека воопшто немаше јавна покана, но страните се согласија да го потпишат, додава „Калксо“.