Холивудската ѕвезда Џек Николсон повеќе од година дена не е забележан во јавност, а неговите блиски пријатели стравуваат дека тој пати од деменција.

84-годишната оскаровска легенда ги живее своите ,,тешки, последни денови” во вилата во познатата елитна населба Беверли Хилс, кажуваат неговите пријатели.

Џек и јас сме пријатели со години, тој повеќе воопшто не излегува од неговата куќа, а неговиот син и ќерка се грижат за него, изјави неговиот пријател за Радар Онлајн.

Иако глумецот има пет деца, тој најчесто е фотографиран во друштво на неговата ќерка Лорејн и синот Реја.

Тој физички изгледа добро, но ментално е веќе заминат. Многу е жално да гледате така талентиран и успешен глумец од рангот на Џек Николсон да заминува на таков начин, додава изворот.

Славниот глумец последен пат глумеше и беше дел од филмот Како знаеш (How Do You Know) во 2010 година, каде глумеше заедно со колегите Риз Витерспун и Овен Вилсон.