Порше планира да изгради нова фабрика за производство на каросерија на автомобили во Словачка, објави словачкиот весник Деник Н.

Се очекува дека 1.200 работници ќе добијат работа во новата фабрика, објавија агенциите.

Порше веќе има една фабрика во Полска, а во тек е изградба на центар за развој.

Словачка е најголем светски производител на автомобили по глава на жител, со 1,1 милиони возила во 2019 година.


Напишете коментар