Портпаролот на Кремlin, Дмитриј Песков денеска негираше дека рускиот претседател Владимир Путин планира да поднесе оставка.

Тој реагираше на пишувањето на британскиот весник „THE SUN“, во кое се наведува дека Путин планира да поднесе оставка поради здравствени проблеми, пренесува Tas s.

„Тој се чувствува одлично“, изјави Песков пред новинарите.