Трагедија ја потресе Србија откако вчера во стан во Раковица беше пронајдено обесено 10-годишно дете. Наводно детето се обесило случајно снимајќи ТикТок предизвик. Кога се случил инцидентот детето било само во станот, бидејќи неговите родители отишле до продавница.

  • Кога се вратиле тој не отворал, па повикале полиција и пожарникари за да влезат преку терасата. Кога влегле внатре го нашле детето обесено на креветчето на спрат. Се верува дека малиот всушност играл предизвик на Тик Ток, рекол извор од истрагата.

Предизвикот на оваа мрежа се вика Blackout и подразбира децата да стават ремен околу вратот и да го стегаат додека се снимаат со телефонот, а тоа го прават додека не загубат свест. Пред неколку дена во Италија почина девојче на истата возраст, кое се задушило играјќи го токму овој предизвик. Светските медиуми апелуваат да се пријави секој профил каде се гледа споделување на овој предизвик.