Светската здравствена организација (СЗО) ја најавуваше оваа 2020 година како година во која депресијата во светот ќе стане втора водечка причина за отежнато функционирање на луѓето. Со појавата на вирусот корона, за жал, сите дилеми се отстранети дали проценката на СЗО била точна, а денес депресијата е еден од најголемите здравствени предизвици во целиот свет.

Лекарите веруваат дека секоја четврта личност ќе има ментално или невролошко нарушување во одреден период од својот живот.

Тековната пандемија ни носи досега непознато барање за адаптација и промена во сите сегменти од животот. Изолацијата, карантинот, стравот и неизвесноста, ограничувањата на движењето и дружењето се удар врз човечката природа. Ваквите промени имаат психолошко доживување како голема загуба и можат да бидат активирачи на депресивна реакција.

Повеќе од 264 милиони луѓе ширум светот моментално страдаат од депресија. Истражувањата покажуваат дека само половина се пријавуваат на лекар со некои од симптомите, а само половина од тој број се упатува на психијатар и добива правилен третман.

Депресијата е двојно почеста кај жените отколку кај мажите. Младите луѓе на возраст од 20 до 40 години се повеќе се изложени на ризик од развој на депресивни симптоми, а посебно се изложени на ризик луѓето со понизок социо-економски статус.

Пандемијата со корона вирусот го запре 20-годишниот напредок во борбата против сиромаштијата и болестите, смета основачот на Мајкрософт Бил Гејтс.

Во извештајот објавен денес од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс се вели дека екстремната сиромаштија е зголемена за седум проценти поради пандемијата.

Податоците исто така покажуваат дека економските ефекти од пандемијата ги зајакнуваат нееднаквостите, особено кај жените, расните и етничките малцинства. Особено се погодени луѓето што живеат во услови на екстремна сиромаштија.