Австрискиот канцелар Себастијан Курц поднесе оставка. Според медиумите, на негово место ќе дојде министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг. На тој начин политичката криза во Австрија доби своја ескалација.

Во текот на денот од Виена стигнуваа информации дека во вторник на вонредна седница на Парламентот ќе се гласа за иницијативата за недоверба на австрискиот канцелар Курц. Инаку, канцеларијата на Курц е под истрага за финансиска измама, но Курц ги отфрла обвинувањата.

Дури и Зелените, неговите коалициони партнери, сметаа дека 35-годишниот канцелар не треба да остане на функцијата и бараат негова оставка.

Курц може вечерва да поднесе оставка или во вторник да чека гласање за разрешување, напиша пред половина час порталот Клих, повикувајќи се на австриски извори.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц и неговите најблиски соработници се осомничени дека плаќале пари на даночните обврзници на медиумите за да објавуваат позитивни написи за Курц и неговата партија, соопштија во средата обвинителите.

Позадината на кризата е истрагата што ја започна државното обвинителство за економски криминал против Курц и неколку други истакнати членови на ОВП. Тие се обвинети за проневера на даночни пари во 2017 година, кои ги користеа за медиумски кампањи во корист на народњаците. Австрискиот канцелар ги отфрли обвинувањата.

Курц исто така е под истрага за наводно давање лажно сведочење пред собраниската комисија за расветлување на т.н скандал Ибица кога во екот на тој скандал, во пролетта 2019 година, падна тогашната народно-либерална влада, составена од популисти и екстремната десница. И за тој случај, Курц се изјасни за невин.

За време на мојата посета на Словенија имав средба и со австрискиот канцелар Себастијан Курц. Разговаравме за мојата…

Posted by Timco Mucunski on Thursday, October 7, 2021

Во екот на оваа огромна политичка криза во Австрија, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски, зад кого стои екипата на генералниот директор на Македонската Радио Телевизија, Марјан Цветковски, објави на својот фејсбук профил дека за време на посетата на Словенија остварил средба со австрискиот канцелар, Себастијан Курц.

Разговаравме за мојата кандидатура за Општина Аеродром и за поддршката на Австрија преку свои искуства и знаење за многу проекти! Од Аеродром ќе започнат промените во цела Македонија, напиша Муцунски.

Само еден ден подоцна, на Курц сериозно му се тресе фотељата, а какви искуства ќе му пренесе на “Тимчо за Аеродром” ќе покаже времето.