Возачот заспал додека возел, имал ненадеен здравствен проблем, груба грешка при полнење гориво или техничко оштетување на автобусот за време на возењето. Ова се верзиите од истрагата за тешката сообраќајка на автопатот Струма, во која загинаа 46 граѓани на Македонија. Дванаесет од жртвите се деца. Седум лица кои се сместени во болницата Пирогов преживеале и нивните животи се надвор од животна опасност.

Оваа се анализите кои вечерва ги прават бугарските медиуми кои се повикуваат на извори од истрагата.

Автобусот соборил 10 столбови од заштитната ограда од десната страна, свртел лево и по околу 20 метри удрил во заштитната ограда која ги дели двете ленти на автопатот.

Како што напиша Труд, денеска нешто по 2 часот по полноќ, автобус на македонска компанија што патувал со туристи од Истанбул за Скопје, се запалил на 31-от километар од автопатот Струма. Во тоа време врнеше слаб дожд, патот беше лизгав. Околу 20 минути претходно автобусот застанал на бензинска пумпа во месноста Драгичево. Како што пишува Труд, додека патниците одмарале, можно е или се претпоставува дека двајцата возачи сипале нафта од туби во багажниот простор. Труд не презентираше докази за оваа своја претоставка. Според извори на Труд, можно е да било истурено гориво или да не ги затвориле добро капачињата на тубите.

Групата се состоеше од вкупно четири автобуси. Другите три автобуси веќе заминаа и можно е по Драгичево возачот да возел побрзо за да го намали растојанието меѓу нив. По непречено свртување пред клучката кај село Бошнек, возејќи со околу 100 км/ч и без растојание за сопирање, автобусот удрил во заштитната ограда, односно во мантинелаата, која го одвојувала делот за исклучувањето за пауза од главната лента на автопатот. Автобусот ја уништил заштитната ограда, заедно со 10 столбчиња, а потоа скршнал налево и удрил во појасот кои го дели автопатот на два дела. Таму застанал и пламнал на сите страни.

Возачот не се ни обидел да ги отвори вратите. Жестокиот пожар го зафатил предниот дел, а седуммина од патниците на задните седишта го скршиле задното стакло и успеале да излезат. Тие беа единствените преживеани од 54-те патници во автобусот. Според пожарникарите, искрата започнала по „гребењето“ на автобусот во заштитните огради, но пожарот бил исклучително брз. Не е јасно дали горело само маслото од резервоарот, ниту пак има излеано гориво во багажникот.

Има неколку важни прашања за возачот поради неговите неадекватни реакции, велат извори на Труд. Не е јасно колку време возел и одмарал, а колку неговиот колега кој морал да го замени. Ако беше премногу уморен, дури и 20 минути по пауза можеше да заспие ноќе. Можеби имал и медицински проблем – срцев или мозочен удар.

Како што пишува Труд од сообраќајната полиција соопшти дека изгорел тахографот на автобусот и информации за неговото движење, барем на бугарска територија, може да се добијат од граничните пунктови и од местата каде што застанал.


Агенцијата за патна инфраструктура соопшти дека подрачјето на 31-от километар на Струма не е делница со концентрација на сообраќајни незгоди. При увидите било констатирано дека патната сигнализација и означување се уредни. Тротоарот е нормален, речиси без пукнатини и нерамнини. Температурата во моментот на несреќата била 9 степени – односно немало голомразица, иако патот бил влажен. Се истражуваат тврдењата дека камионите од блискиот каменолом истуриле нечистотија, песок или ситни камења на асфалтот, поради што можеби автобусот се лизнал.


One thought on “Последни вести од Бугарија: Хипотези (!?) за можните причини за трагичната несреќа, бугарските медиуми излегуваат со нови информации!? (фото)”

Comments are closed.