Американскиот претседател Доналд Трамп помилува 15 лица на крајот од неговиот мандат, вклучувајќи го и неговиот поранешен соработник Џорџ Пападопулос и четворица платеници од „Блеквотер“ осудени за убиство на 17 цивили во Багдад во септември 2007 година, од кои две беа деца.

Претседателите на САД обично донесуваат одлуки за помилување на крајот од мандатот, но овие помилувања на Трамп се контроверзни поради изборот на помилуваните. Трамп има уште помалку од еден месец пред да му ја предаде дожноста на Џо Бајден на 20 јануари, па многумина се прашуваат каква друга работа е способен да направи неконвенционалниот претседател. Тоа прашање се поставува меѓу неговите соработници и во Пентагон, пренесува Си-Ен-Ен. “Ние само гледаме колку очаен станува Трамп. И колку очајни се последните стаорци кои се останати на бродот”, изјави за Си-Ен-Ен Лоренс Вилкерсон , поранешен советник на поранешниот државен секретар Колин Пауел .

Трмп ги помилува вооружените лица кои несомнено ги убија невооружените цивили. Вработените во компанијата за обезбедување Блеквотер, Пол Слоу, Еван Либерти, Дастин Херд и Никола Слатен го обезбедуваа оклопниот конвој на американската амбасада во Багдад и отворија оган со митралези, ракетни фрлачи и снајпер кон невооружените луѓе на плоштадот Нисур во Ирак.

Тоа е една од најспорните епизоди на американската интервенција во Ирак – судењето утврди дека четворицата од „Блеквотер“ пукале врз цивили без причина. Слатен беше осуден на доживотен затвор затоа што беше откриено дека го испукал првиот куршум од неговиот снајпер. Останатите тројца беа осудени на 30 години затвор. Минатата година нивните казни беа намалени на 13, 14 и 15 години, соодветно, додека Слатер беше осуден на доживотен затвор.

Истражителите на ФБИ испратени на терен подоцна тоа го опишаа како „Маи лаи масакр на Ирачаните“, поврзувајќи го со срамниот масакр во Виетнам за кој беше осуден американски војник. Во соопштението на Белата куќа се вели дека четворицата платеници „имаат долга историја на служење на нацијата“.