На брод кој потона во езерото Ван во источна Турција имало меѓу 55 и 60 мигранти, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу и додал дека досега се извлечени шест тела.

Сојлу рекол дека во тек е истрага. Во потрагата по исчезнатите учествуваат хеликоптери и чамци.

Несреќата се случила на 27 јуни, кога поради силно невреме бродот се превртел и потонал.

Телевизијата „Хабертурк“ пренесе дека мигрантите најверојатно се од Пакистан, Авганистан и Иран.

Езерото Ван во истоимената турска провинција се наоѓа во близина на границата со Иран и преку неа мигрантите обично преминуваат во Турција. Освен мигранти од Иран, преку ова езеро преминуваат и мигранти од Авганистан и други земји.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *