Премиерот Зоран Заев денеска потпиша меморандум за соработка со шефовите на владите на Србија и Албанија – Ана Брнабиќ и Еди Рама и притоа истакна дека македонските граѓани нема да плаќаат од свој џеб доколку бидат хоспитализирани во овие две соседни земји.

Со овој документ трите земји ќе разменуваат искуства и ќе соработуваат во борбата против болеста која моментално владее, како и ќе се овозможи државјани на третите земји да бидат примани во локални болници. Се истакнува и дека е важно исто така да продолжи и економската размена и трговија и соработка меѓу трите држави.