Британскиот принц Хари предизвика потрес со својата емотивната исповед во првиот од петте дела на документарецот за менталното здравје, The Me You Can’t See.

Британскиот принц Хари, помладиот син на престолонаследникот Чарлс, повторно предизвика земјотрес во Бакингемската палата, по емотивната исповед во првиот од петте дела на документарниот филм за менталното здравје The Me You Can’t See.

Водител на интервјуто на Епл ТВ повторно беше водителката Опра Винфри, на која принцот Хари отворено и раскажа за непознатите детали од животот во кралското семејство.

Војводата од Сасекс откри и зошто решил да го напушти кралското семејство и да се пресели со сопругата Меган и синот Арчи прво во Канада, потоа во САД (Калифорнија). Хари рече дека проблемите започнале кога починала неговата мајка, принцезата Дајана (август 1997 година). Тогаш тој имаше само 12 години:

Сите приказни за тој настан веднаш беа прекинати. Главата ми беше во песок. Кога ќе ме прашаа како сум, јас ќе кажев добро. Никогаш не бев среќен или тажен, само добро. Тоа беше најлесниот одговор. Татко ми мене и на Вилијам постојано ни зборуваше: Како што ми беше мене, така ќе ви биде и на вас. Тоа нема смисла, тоа што вие сте пателе, не значи дека и вашите деца треба да страдаат.

Се сеќавам на звукот на копитата на коњите од погребот на мајка ми, не ми беше дозволено да ги покажам своите чувства.

Времето поминато во војска за мене беше најсреќниот период бидејќи таму немав посебен, кралски третман.

Членовите на семејството ми рекоа да играм според правилата и дека мојот живот ќе биде полесен.

Сè уште се чувствувам како да сум во кралското семејство иако сум надвор од тоа.

Единствениот начин да се ослободите е да ја кажете вистината за тоа што ве мачи.

Луѓето кои се повредени во младоста, ако не го преболат тоа, не можат да го контролираат подоцна.

Хари вели дека не сакал да мисли на неговата мајка. Ако мислам на неа, тогаш се појавува фактот дека не можам да ја вратам и тоа само ќе ме растажи. Која е поентата да размислувате за нешто тажно, што е поентата да размислувате за некој што сте го изгубиле и кој нема да се врати. Само што решив да не зборувам за тоа.

Хари откри дека одел на терапија четири години за да се опорави од своето минато и дека неговата сопруга го охрабрувала да побара помош: Отидов кај општ лекар, психотерапевт, алтернативен терапевт, бев со разни експерти, но само кога ја запознав Меган, сфатив дека ќе ја изгубам жената со која сакав да го поминам остатокот од мојот живот ако не одам на терапија и не се средив.

Кога порасна, беше уште полошо, го чекаа кралски должности. Секојпат кога облекував костум и вратоврска, ќе се испотев, срцето ми чукаше уште пред да излезам од куќата. Имав напади на паника. Сакав да пијам и да земам дрога. Не се опијанував помеѓу понеделник и петок, но во петок или сабота навечер ќе испиев количина алкохол колку за една недела. Не се опијанував затоа што уживав, туку затоа што сакав да сокријам нешто.

Принцот откри и дека неговата сопруга Меган Маркл размислувала за самоубиство во јануари 2019 година: Таа беше бремена со Арчи кога ми рече дека размислува за самоубиство и дека е депресивна. Таа се откажа поради мене, затоа што не сакаше да изгубам друга жена во мојот живот, додека таа го носеше нашето дете. Најстрашно беше што беше трезна, не беше луда, не пиеше апчиња или алкохол. Среде ноќ, тие мисли ја разбудија. Не знаев како да реагирам. Се облековме и отидовме на добротворна акција со полициска придружба. Пред камерите и рефлекторите се преправавме дека сè е во ред. Тогаш сфатив дека двајцата можеме да продолжиме како Хари и Меган.