Ерменскиот народ ги напушта териториите што денес ќе поминат под де факто контрола на Азербејџан во Нагорно Карабах.

Ерменците ги копаат гробовите на своите најблиски и ги носат со себе, за да можат да ги посетуваат нивните гробови каде и да одат.

Потсетуваме, истото го сторија и Србите од Сараево кога требаше да го напуштат својот град.

По договорот меѓу Ерменија, Азербејџан и Русија за прекин на војната, кој утврди дека некои делови од ерменската територијата мора да бидат вратени на Азербејџан, многу Ерменци ги запалија своите куќи, продавници и други објекти, не сакајќи да ги користат Азербејџанците.

Плашејќи се за својот опстанок, повеќето Ерменци од територијата на Нагорно Карабах, која треба да припаѓа на Азербејџан, решија да ги напуштат своите домови во страв од азербејџанска одмазда.

Една од најшокантните сцени од Нагорно Карабах доаѓа од манастирот Дадиванк кој датира од 12 или 13 век. Војниците и цивилите масовно доаѓаат да се молат за последен пат и да запалат свеќи во нивните светилишта.