Поранешниот спортски директор на Барселона, Андони Зубизарета потврди дека Аргентинецот имал голема моќ и влијание при носењето на одлуките и раскажа приказна поврзана со напаѓачот и тренерот Тата Мартино.

Низ медиумите често има стории за тоа како Лео Меси дал зелено светло за ангажман на тренер или ново засилување, или како некој фудбалер ќе биде продаден бидејќи не бил по мерак на Аргентинецот.

Играчот во неколку наврати го негираше ова, но поранешниот спортски директор на Барса, Андони Зубизарете сепак потврди дека Аргентинецот имал моќ и влијание при носењето на одлуките.

Во интервју со Висенте дел Боске, тој раскажа приказна поврзана со напаѓачот и Тата Мартино, кој беше тренер на „каталонците“ во сезоната 2013/14.

„Тата Мартино, кога беше тренер на Барса, често знаеше да му каже, „Знам дека ако му се јавиш на претседателот веднаш ќе ме избрка. Не треба да ме потсетуваш на ова секој ден, веќе го знам““ – открива Зубизарета.

24.фудбал.мк