Италијанскиот суд ја потврди пресудата според која американскиот технолошки гигант Епл беше казнет за намерно забавување на постарите модели на телефони и со тоа принудување на корисниците да купуваат нови модели.

Италијански суд ја одбил жалбата на Епл, и таа компанија сега ќе треба да плати казна од 10 милиони евра.

Имено, независните тестови спроведени во 2017 година покажаа дека Епл намерно инсталирал таен систем во своите iphone телефони што ги намалува нивните перформанси, така што во 2018 година италијанската агенција за заштита на конкуренцијата поднесе тужба.

Откако ја изгуби судската постапка, Епл поднесе жалба. Сепак, италијанскиот суд ја отфрли жалбата, па пресудата стана конечна.

Ова значи дека оваа компанија ќе треба да плати казна од 10 милиони евра.

Откако тестовите покажаа дека iphone уредите намерно се забавуваат, како резултат на промените што се спроведуваат во IOS системите, Епл призна дека забавувањето на ефикасноста и перформансите е поради деградација на батеријата, со цел да се одржи автономијата на уредот дури и кога батериите се стари.


Напишете коментар