Повеќето вакцини против ковид 19 содржат свински желатин, кој обезбедува нивен транспорт и складирање, а потрошувачката на свински производи од муслиманите не е дозволена според халал стандардите за исхрана, објави денеска Кабинетот на Реис ул улема на Исламската заедница на БиХ.

Кабинетот јасно изјави дека Исламската заедница во БиХ нема ништо против вакцините одобрени од надлежните стручни инстанци и кои ги штитат луѓето од инфекции и болести, но она што е „забрането“ е да се бара лек во она што Аллах го забранил.

Исламот ги повикува луѓето да се грижат за своето здравје и да бараат лек за болестите што ги мачат. Она што им е забрането е да бараат лек во она што го забранил Алах. Забранетите работи вклучуваат свињи и производи од свињи, велат од Исламската заедница.

Како што понатаму се наведува, информациите што пристигнуваат до нив е дека некои вакцини против вирусот корона содржат свински желатин, но тие сè уште чекаат официјална потврда.

Ако ова е вистина, муслиманите се должни да се одлучат за вакцини кои не ја содржат оваа компонента и се ефикасни во третманот на коронавирусот, и ако нема друг избор, последниот збор за тоа треба да го даде професијата, фармацевтскиот и шеријатскиот закон, рекоа од Кабинетот на реис ул улема на БИХ.

Поради забрзаната работа за да се обезбеди најголемо можно количество вакцини, фармацевтските компании не можат да гарантираат дека нема да се најде желатин од свињи во нивните дози. Ова исто така важи и за вакцината развиена од „Фајзер“ и „БиоНТек“, вакцината на компанијата „Модерна“, таа на Универзитетот во Оксфорд и други.

Исламската заедница ќе заземе дефинитивен став по ова прашање откако ќе се запознаат со резултатите од лабораториската анализа, кога ќе бидат познати сите компоненти на вакцината за која станува збор“, се вели во одговорот, пренесува Танјуг.