Соединетите држави во неделата забележаа повеќе од 210 000 случаи на инфекција со коронавирус, објави Институтот Џон Хопкинс.

Бројот на заразени се искачи на 22,4 милиони, а најмалку 370 000 луѓе починаа како резултат на новиот вирус, пишуваат американските медиуми.

Соединетите држави имаат над 100.000 хоспитализации во рок од 24 часа 40-ти ден по ред. Во неделата се регистрирани 129.229 хоспитализации, според Проектот за мониторинг на коронавирус.