И повторно политичарите уживаат на море, а граѓаните се во карантин за корона.

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто беше жив фатен како ја лаже унгарската јавност.

Имено, тој тврдеше дека ја решава кризата во Белорусија, а всушност се одмарал на скапа јахта на Јадранот.

Унгарскиот портал пишува дека Сијарто и неговото семејство биле снимени на јахта на околу 25 километри јужно од Биоград на Море, во близината на островите Корнати.

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Питер Сијарто, кој е близок на македонската опозиција, во последните 24 часа на својата Фејсбук страница објави две свои фотографии како работи во неговата канцеларијата со телефон, во костум, со опис дека се уште е загрижен за состојбата во Белорусија. Тој вчера напиша дека разговарал за ова прашање со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Јосеп Борел и Хајк Маас, германскиот министер за надворешни работи.

На овие фотографии, Сијарто делуваше многу загрижен и задлабочен во проблемот со Белорусија, но, претходниот ден тој беше фотографиран на луксузна јахта во Хрватска.

Az európai politikai közvéleményt továbbra is a minszki helyzet foglalkoztatja. Ma telefonon beszéltem is erről Josep…

Publiée par Szijjártó Péter sur Dimanche 16 août 2020

Унгарскиот портал Altatszo вчера објави фотографија од Сијарто на луксузната јахта Лејди МРД, која е во сопственост на еден од најбогатите Унгарци, Ласло Шзиј. Порталот пишува дека Сијарто и неговото семејство биле снимени на таа јахта на околу 25 километри јужно од Биоград на Море, под островите Корнати.

Премиерот Виктор Орбан, исто така, ја користи оваа јахта кога летува на хрватското крајбрежје. Таа јахта беше закотвена во пристаништето Шибеник од 8 до 11 август. Тогаш беше користена од Лоринц Месарош, инаку тајкун близу до Орбан, а на 12 август јахтата пловеше во близина на аеродромот во Сплит, каде најверојатно ја презеде Сијарто.

Minden túlzás nélkül égnek a vonalak miniszterelnöki és külügyminiszteri szinten is a minszki fejlemények kapcsán. Ma…

Publiée par Szijjártó Péter sur Lundi 17 août 2020

Тој со семејството замина на островот Вис, а потоа и на островите Корнати, пишува Altatszo и додава дека во неделата повторно го напуштил островот Жут и јахтата пловела кон Сплит.

Порталот Altatszo пишува дека Сијарто бил изненаден од појавата на гумениот чамец на кој се наоѓале фотографите кои дошле да го фотографираат како ужива на скапата јахта, дека тоа траело помеѓу 5 и 10 минути пред членови на екипажот да дознаат која е целта што го фотографирале бродот.

Инаку Сијарто ( како десна рака на Виктор Орбан ) и споменатите тајкуни се “блиски” на македонската опозиција. Дел од нив и помагаат да се финансира медиумскиот систем на “фејк њуз” журнализам близок до опозицијата.

Пред четири месеци Сијарто беше во посета на Македонија. Тогаш опозициските медиуми објавија: На покана на Мицкоски Сијарто е прв странски државник кој ја посети Македонија во време на светската пандемија со корона вирус.

Сијарто не ги круеше своите блиски односи со Никола Груевски.

Во ноември минатата година, пратеничката Агнес Вадаи го критикуваше Сијарто, по информациите објавени во унгарскиот печат, дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски се среќавал со унгарски дипломати во станови во Будимпешта, меѓу нив и со заменикот државен секретар во унгарското МНР.

Доколку сакаме да ги добиеме најавтентичните информации за тоа што се случува на Западниот Балкан, како се движат процесите таму, нема подобар извор за тоа од човекот кој беше премиер во тој регион цели 10 години, рече Сијарто.


Напишете коментар