Голем шумски пожар изби во текот на ноќта на грчкиот остров Икариа, а според грчките медиуми не претставува опасност за населените места. 

Според истите информации, градоначалникот на островот побарал од жителите на четири населби да бидат подготвени за евентуална превентивна евакуација, меѓутоа такво нешто не било потребно, јави дописничката на МИА од Атина.

Рано утрово беа дополнително засилени противпожарните сили и интервенираат 40 пожарникари со 10 возила, два пешадиски тима, два хеликоптери, два авиони, како и волонтери и цистерни од општината


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *