Пет лица исчезнаа по пожар во северна Норвешка, од кои четири беа деца на возраст под 16 години, соопшти полицијата.

Според шефот на регионалната полиција, се стравува дека тие загинале во пожарот што избувна во општина Андеј.

Тој додаде дека полицијата започнала истрага, но во моментот нема индиции дека станува збор за нешто друго освен „трагична несреќа“.

Полицијата потврди дека шест лица биле во кабината за време на пожарот, но наведуваат дека се уште е рано да се каже нешто за причините за пожарот, пренесува Норвешка Тудеј.

Во потрагата по исчезнатите, покрај екипите на теренот, учествуваат и хеликоптер и дрон.