Бројот на загинатите во пожарот што се случи во рудникот за јаглен во Сибир, Русија се искачи на шест, пренесува руската новинска агенција.

Агенцијата се повикува на изјавите на регионалниот гувернер на Кемеровската област, кој изјави дека околу 50 лица се уште се блокирани под земја.

Спасувачите веќе успеале да спасат повеќе од 200 луѓе од рудникот, објавија руските медиуми.

Локалните власти претходно соопштија дека едно лице го загубило својот живот и дека неколку десетици вработени се целосно блокирани.

Во рудникот Листвјажњаја имало 285 лица, а на површина до сега се извадени 236, соопшти службата за итна интервенција.

Според првичните податоци, многу од работниците се затруле од вдишувањето на чадот. Бројот на жртвите се уште е непознат и се утврдува – соопшти претходно регионалниот оддел на Руската истражна комисија.

Првичните информации кој беа објавени кажуваа дека во рудникот во моментот на пожарот имало 115 луѓе, за подоцна таа бројка да се зголеми.