Во врска со медиумските прашања и интерес, поврзани со комуникацијата меѓу премиерот Бојко Борисов и германската канцеларка Ангела Меркел, за прашањето поврзано со Република Македонија, сакаме да го потенцираме фактот дека премиерот Бојко Борисов и германската канцеларка Ангела Меркел, како и нивните тимови, вршат редовна комуникација на сите теми од заемен интерес.

Ова го објави бугарската владината прес служба, или службата за информации на Министерскиот совет на Бугарија, во соопштението испратено до бугарските медиумите, а во врска со наводите за германско влијание и притисок врз бугарската позиција за случајот со Македонија. Во соопштението се додава:

И премиерот Борисов и канцеларката Меркел се заинтересирани да најдат решение за ова прашање. Напорите на бугарската страна отсекогаш биле и продолжуваат да бидат насочени кон постигнување дијалог и разбирање за решавање на билатералните прашања со Република Македонија, но за реализација на оваа цел тоа мора да го посакаат и спроведат двете страни.

Бугарија е целосно свесна за овие напори на нејзините партнери во ЕУ, се вели во соопштението до јавноста.

Тука се битни две работи. Во соопштението се потенцира решавање на билатералните прашања со Македонија. Што ќе рече дека Бугарите и Борисов полека се откажуваат од стратегијата прашањето или прашањата со Македонија да ги решаваат со вклучување на целата ЕУ да влезе во процес на историска арбитража и полека ја прифаќаат реалноста и го прифаќаат ставот на американскиот Стејт департмент дека прашањето со Скопје треба да го решаваат билатерално, а не преку процесот на отпочнување на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

И второ, секогаш ноншалантниот Борисов мораше веднаш да реагира на изјавата на Меркел, која таа ја даде денес во германското Собрание во врска со Македонија. Што ќе рече дека со оваа соопштене пожарникарот Бојко Борисов се обидува да го изгасне пожарот предизвикан од погрешната вето политика на Бугарија кон Македонија.