Со новиот редизајн, Фејсбук ќе ја елиминира можноста за лајкување на страниците што ги користат познати личности и брендови.

Foto: Depositphotos/BrianAJackson

Наместо тоа, ќе биде прикажан само бројот на следбеници, како и „фидот со вести“, односно просторот каде што корисниците ќе можат да комуницираат со другите. Според компанијата Фејсбук, бројот на следбеници ќе биде главната работа при мерењето на „популарноста“, бидејќи тоа е најдобриот показател за успешноста на една страница.

„Отстрануваме лајкови и се фокусираме на следбеници за луѓето да можат што полесно да се поврзат со своите следбеници“, соопшти Фејсбук, пренесува Ројтерс.

Ова наиде на многу критики кај познатите личности како и политички партии. Еден од критичарите на ФЕЈЗБУК , Џон Травис кој е познат ИТ Менаџер , вели дека Марк го работи ова не по своја желба , туку по желба на некој таму “ГОРЕ ” како што наведува тој.