Триесет и деветгодишната М.В. од Скопје е македонскa дипломатка чие што тело е пронајдено во нејзиниот стан на Менхетн во новогодишната ноќ. Полицијата се сомнева дека се работи за самоубиство.

Таа е пронајдена со лицето надолу и со ремен околу вратот во бањата од својот стан во источниот дел од Менхетн, дури околу пладне. Дипломатката живеела сама во апартман на четвриот кат.