Иако првите информации говореа дека легендарниот Диего Марадона починал од срцев удар, обдукцијата покажала дека главната причина за смртта е акутен белодробен едем. Обдукцијата е извршена од шест медицински експерти во болницата во Сан Фернандо.

Целиот процес траеше повеќе од три часа, а пет лекари беа назначени од властите, а шестиот од семејството. Медиумите исто така известуваат дека во тек е токсиколошка анализа, која ќе утврди во следната недела дали во организмот на Марадона има наркотици или алкохол.

Исто така, треба да се напомене дека Марадона првично беше опериран за згрутчување на крвта во главата. Операцијата помина добро и пред две недели тој беше пуштен на домашна нега каде требаше да се опорави од многу комплицираната операција.

Легендарниот Марадона важеше за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Со репрезентацијата на Аргентина ја освои светската титула во 1986 година, а во текот на својата кариера играше за Аргентинос Јуниорс, Бока Јуниорс, Барселона, Наполи каде освои две италијански титули и имаше статус на божество и Севиља, а кариерата ја заврши дома, во Бока јуниорс.

Тренерската кариера ја започна во Текстил Мандиј, а потоа кратко го водеше Расинг клубот, од 2008 до 2010 година репрезентацијата на Аргентина. Тој исто така беше тренер на Ал-Васл, Депортиво Риестру, Фуџаира, Дорадос де Синалоа, а последниот клуб што го водеше беше Гимназија де Ла Плата.